Дресот кој Диего Марадона го носеше кога го постигна славниот гол „Божја рака“ на натпреварот против Англија на СП 1986 во Мексико, би можел да биде продаден за два милиони долари.
Дресот е сопственост на поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ кој го добил од Марадона веднаш по дуелот во Мексико.
„Одев низ тунелот под трибините по мечот, а Марадона доаѓаше од спротивна насока. Само го соблеков мојот дрес и го прашав дали може да ги замениме, на што веднаш се согласи“ – вели Хоџ.
Дресот во моментов е изложен во англискиот национален фудбалски музеј во Манчестер.
„Тешко е да се одреди вредноста на дресот, но знам дека сопственикот бара два милиони долари“ – вели стручњакот за спортска меморабилија, Давид Амерман.
„Тоа е сега можно затоа што во фудбалот скокна цената на вредностите“ – дополнува Амерман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА