Се знае кој е „шеф“ во Барса – Сетиен се извинувал, а Меси држел говор од 40 минути

Работа на тренерот е да се обиде да најде излез од кризата, но кога станува збор за Барселона тука во последните десетина години постои авторитет поголем од стратезите што се менуваат – Лео Меси.

Доказ за тоа се и случувањата по поразот од Реал Мадрид, по кој Барса го загуби лидерското место во Ла Лига, а помошниот тренер Едер Сарабија влезе во конфликт со неколку „ѕвезди“ на тимот. Првиот тренер Кике Сетиен се обидел да ја смири тензијата извинувајќи се за однесувањето на својот асистент, а потоа контролата ја презел Меси.

Откако Сетиен ја напуштил соблекувалната, аргентинскиот генијалец одржал говор во времетраење од 40 минути. Меси побарал од соиграчите да ги надминат сите недоразбирања бидејќи атмосферата во тимот мора да биде на највисоко ниво за да се освојат посакуваните трофеи до крајот на сезонава.

Колку зборовите на Меси ќе бидат инспирација за остатокот од екипата ќе видиме денеска, на дуелот на домашен терен против Реал Сосиедад.

Се вчитува...