Себастијан Фетел: Имаше битки кои не требаше да ги водам

Себастијан Фетел признава дека не направил се што требало за време на неговиот престој во Ферари. Договорот со тимот го завршува на крајот од оваа година, но сепак вели дека не жали за ништо што се случувало во шесте сезони. Во последното издание на поткастот на Ф1 „Beyond the Grid“, Германецот се навраќа на периодот од 2015 година до моментот на одлуката за разделба.

„Ако сум фер и чесен, потфрлив. Сепак за ништо не жалам. Иако можеби е вистина дека не ја остварив мисијата за која дојдов, да станам шампион со Ферари. Од моја гледна точка тоа не е неуспех. Има работи кои требаше да ги направам подобро, имаше битки кои не требаше да ги водам. Но, се што се случи ме донесе онаму каде што сум сега“ – вели Фетел.

Во следната сезона, Фетел ќе биде дел од тимот на актуелниот тим Рејсинг Поинт кој во 2021 година ќе стане Астон Мартин. Германскиот пилот има четири шампионски титули освоени во периодот од 2010 до 2013 година.

Се вчитува...