Седлоски го одработи првиот тренинг на чело на Работнички (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Вардар и на Шкупи, Гоце Седлоски денеска го одработи првиот тренинг на чело на тимот на Работнички.

Седлоски првично се запозна со фудбалерите на тимот од Градски, веднаш одработувајќи ги првите подготовки за продолжението од шампионатот.

Во стручниот штаб со него ќе биде и досегашниот негов асистент Тони Мегленски, а во стручниот штаб ќе биде и еден од најперспективните млади македонски тренери на голмани, Матеј Миленков.

Работнички во следното коло во Првата македонска фудбалска лига на 26. ноември на домашен терен го пречекува Гостивар.

Се вчитува...