Седлоски го скрои составот: Во напад со Фелипе, Барсегјан, Балотели…

Без посебни калкулации, отворено, со желба за постигнување гол на гостински терен шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски вечерва ќе се спротистави на Малме на „Сведбанк арената“ во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Седлоски, сосема очекувано, според најавите ќе го изведе најсилниот расположив состав, формациски и тактички согласно начинот на игра и во текот на изминатата сезона во домашниот шампионат.

На голот ќе биде Филип Гачевски, во одбраната Хофханес Хамбарџимјан, Бобан Грнчаров, Евгениј Новак и Бесир Демири на левокрилната дефанзивна позиција. Поради повреда ќе го нема Дарко Велковски, на чие место ќе биде Новак.

Како последни играчи за врска се очекува да бидат Стефан Спировски и Никола Глигоров, со оглед на неизвесноста на Бобан Николов кој со мала повреда се приклучи на подготовките на тимот по настапот на ЕП во Полска. Оставена е сепак можноста за настап и на Николов.

И во самиот напад треба да бидат Ерменецот Барсегјан, Бразилецот Балотели и Дамир Којашевиќ или Дејан Блажевски на крилната позиција. Зад нив секогаш офанзивно расположениот Хуан Фелипе.

malme stadion

Шведскиот шампион Малме, пак, нема да може да смета поради повреди на тројца свои стандардни првотимци, напаѓачите Розенберг и Џеремејеф, како и дефанзивецот Сафари.

Шефот на стручниот штаб на Малме, според најавите од шведските медиму ќе стартува во следниот состав: Виланд, Тинерхолм, Нилсен, Брорсон, Конате, Сванберг, Левецки, Кристиансен, Јотун, Бергет и Цибицки. Од клупата за резервни фудбалери своја шанса ќе чека фудбалерот со македонско потекло кој игра во средниот ред, 20-годишниот Ердал Ракип.

Се вчитува...