Седлоски на терените на ФФМ ќе го има дебито за Работнички

По репрезентативната пауза, македонскиот фудбалски прволигаш Работнички во 15.коло од Првата фудбалска лига в недела ќе биде домаќин на Гостивар.

Натпреварот ќе се одигра на теренот на ФФМ, со почеток во 13 часот, а на овој меч деби на клупата на „романтичарите“ ќе има Гоце Седлоски.

Седлоски дојде на клупата на тимот од „Дебар маало“ како замена за Милан Илиевски по слабиот старт на сезоната во која клубот влезе со големи амбиции.

Се вчитува...