Седлоски, Најдоски, Јовановски, Спасески…, го следат Вардар (ФОТО)

Старо-новиот спортски директор на Вардар, Гоце Седлоски е во ложата на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на дуелот на „црвено-црните“ против Македонија ЃП на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Во ложата се и претседателот на клубот Мирко Спасески, но и Илија Најдоски како и поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски.

На дуелот, пак, по 70 минути игра Вардар има негатива од 0-1. „Лавовите“ водат со голот на Боби Божиновски уште од 21. минута.

 

Се вчитува...