Седлоски: Ништо не е готово, мора да бидеме сериозни и на реваншот

Шефот на стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски сосема очекувано е задоволен од победата од 2-0 против Лапи во првиот натпревар на стартот од квалификациите во УЕФА Конференциската лига.

Сепак, Седлоски повикува сето тоа да се прифати без еуфорија затоа што чаирчани ги очекува и реванш на кој ќе треба да се потврди пласманот во следната рунда европски натпревари.

„Знаевме уште пред натпреварот дека не чека тешка задача. На крајот заслужено дојдовме до победата, но мора да останеме цврсто на земја, концентрирани до крај затоа што не чека тешко гостување“ – истакна Седлоски на прес-конференцијата по мечот, притоа дополнувајќи:

„Тоа што го барав од играчите го исполнија, дојдовме до заслужена победа иако можеме и подобро со играта на терен, затоа што многу добро знам колку можат овие фудбалери. Видов и некои недостатоци во играта, кои се последица на тоа што овој тим е заедно само две-три недели, но ќе ги поправиме за реваншот“.

Се вчитува...