Седлоски: Предноста од 2-0 не значи ништо ако „заспиеме“ на реваншот

Шкупи има одлична предност од 2-0 од првиот меч против Лапи, по што македонскиот прволигаш се наоѓа блиску до пласман во втората квалификациска рунда од Лигата на Конференции на УЕФА.

Сепак, тренерот Гоце Седлоски ги предупреди своите играчи дека водството од дуелот во Скопје нема да значи ништо ако на утрешниот дуел во Приштина не биде повторна истата игра.

„По оние 90 минути во Скопје, дојде мечот на кој мораме да бидеме подеднакво подготвени и професионални во пристапот, ако сакаме да си ја оствариме зацртаната цел. Верувам дека момците се подготвени, имавме доволно време да корегираме некои грешки во нашата игра. Остануваме цврсто на земја, им кажав на играчите дека оние 2-0 нема да значат ништо ако заспиеме на реваншот. Такви се овие европски дуели, мора да се остане фокусиран од почеток до крај и на двете средби“, изјави Седлоски.

Реваншот меѓу Лапи и Шкупи ќе се игра утре со почеток во 20 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.

Се вчитува...