Седлоски: Целта засега ја остваривме, во Струмица ќе биде многу потешко

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски искажа задоволство од постигнатиот резултат (1-1) на македонскиот шампион на гостувањето против Малме во првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

„Вардарци“ имаат резултат кој ги остава во игра за пласман во следната рунда натпревари, но за сите е јасно дека работата воопшто не е завршена…

„Ја остваривме нашата цел да бидеме непоразени и да постигнеме гол на гостувањето против Малме. Знаевме дека не чека тежок натпревар против квалитетен противник, но бевме подготвени за комплетно надигрување. Фудбалерите одговорија максимално на сите зададени задачи, па стигнавме до позитивен резултат… Но, овие 1-1 апсолутно не значат ништо. На реваншот во Струмица за седум дена не чека далеку потешка задача. Ќе мора да одиграме далеку подобри 90 минути од овие овде ако сакаме пласман понатаму во квалификациите за Лигата на шампионите“ – истакна Седлоски по дуелот во Малме.

Се вчитува...