Седлоски во Загреб, но демантира преговори со Динамо!?

Довчерашниот шеф на стручен штаб на Вардар, Гоце Седлоски е најсериозниот кандидат за преземање на клупата на Динамо Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

Седлоски веќе неколку денови е во Загреб, каде се претпоставува дека е во тајни преговори со Здравко Мамиќ за ангажман во редовите на „модрите“, но поранешниот македонски репрезентативец демантира дека има било какви разговори за негово преземање на Динамо Загреб…

„Во Загреб сум на неколку денови со сопругата Даниела враќајќи се од Виена на пат кон Скопје. Во Загреб имам многу пријатели па застанав да ги видам. Динамо не е тема на моето застанување во Загреб, затоа што Динамо си има тренер. Тоа е се што можам да ви кажам“ – вели Седлоски.

Но, малку кој верува дека случајно е во овој момент посетата на Седлоски на Загреб, токму кога и тоа како е разнишано тренерското столче на Марио Цвитановиќ.

Се вчитува...