Седлоски: Малме го почитуваме, но дојдовме по добар резултат

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, е оптимист околу шансите на македонскиот првак за добар резултат на утрешниот меч со Малме со што „црвено-црните“ конечно би успеале да минат една рунда од квалификациите за Лигата на шампионите. Швеѓаните се квалитетен тим, но исто така и состав против кој Вардар нема потреба целосно да се брани, туку може да се надигрува.

Дојдовме овде за да направиме добар резултат. Знаеме дека Малме е силен тим кој има искуство од вакви натпревари во Лигата на шампионите, но од друга страна, верувам во квалитетот на моите момци и затоа очекувам добра игра и резултат. Можеме да го издржиме притисокот од трибините иако во македонското првенство немаме премногу средби пред полни трибини, но нашите играчи настапуваат за репрезентацијата со која играат пред повеќе публика“ – изјави Седлоски на денешната прес-конференција во Шведска.

фото: sydsvenskan.se

Се вчитува...