Седум фудбалери на Манчестер Сити во тимот на сезоната во ЛШ, Родри МВП (ФОТО)

Манчестер Сити ја освои својата прва европска титула откако славеше во финалето на Лигата на Шампиони против Интер со 1-0.

Трофејот на „граѓаните“ им донесе и седум фудбалери во идеалниот состав на сезоната 2022/23. Тоа се: Ерлинг Халанд, Бернардо Силва, Кевин де Брујне, Родри, Џон Стоунс, Кајл Вокер и Рубен Дијаз.

Покрај фудбалерите на англискиот гигант се најдоа и Винисиус Џуниор и Тибо Куртоа од редовите на Реал Мадрид, односно Алесандро Бастони и Фредерико Димарко од редовите на вицешампионот Интер.

Признанието за најдобар играч му припадна на Роди кој го постигна и победоносниот гол за Манчестер Сити во големото финале, а за најдобар млад фудбалер беше одбран Квича Кваратшкелија.

Се вчитува...