Седум години по страшната несреќа на Шумахер – што знаеме до ден денес?

На денешен ден во 2013 година, светот беше шокиран откако еден од најдобрите Формула 1 возачи на сите времиња, Михаел Шумахер се здоби со тешка повреда на главата при скијање на француските Алпи. Страшниот пад му зададе на Германецот оштетување на мозокот, по кое долго време се бореше за својот живот. Според минималните информации кои ги имаме сега, седум години подоцна, состојбата на „Шуми“ е стабилна, а неговата рехабилитација продолжува на приватен имот, криејќи детали од јавноста.

Семејството Шумахер одлучи да не дава информации за состојбата на возачот, а и оние кои што доаѓаат од страна на неговите пријатели се со целосна почит кон легендата на „Ф1“, а еден од нив е и поранешниот „партнер“ од Ферари, Фелипе Маса.

„Отсекогаш сум имал близок однос со него. Знам како е, имам информации. Неговата ситуација воопшто не е наивна, се наоѓа во тешка фаза, но мора да го почитуваме него и неговите желби. Тие не сакаат да даваат информации, па кој сум јас да споделувам? Секој ден се молам за него и неговото враќање во „кругот“, поготово сега кога таму е неговиот син“ – изјави Бразилецот.

Подетална во информации беше поранешната жена на Флавио Бриаторе, Елисабета Грегорачи, која на италијанско „реалити шоу“ проговоре за состојбата на Германецот.

„Шумахер не зборува, тој само комуницира со очите. Само три луѓе смеат да бидат околу него. Неговата фамилија се пресели во Шпанија каде неговата жена има направено болница во самата куќа“ – изјави моделот и телевизиска ѕвезда.

Што велат докторите? Шумахер се лечи со терапија со матични клетки, а нервологот Ерик Ридерер во септември даде детално објаснување на ситуациајта. Според напредокот на медицината во последните години, Шумахер има добри шанси за опоравување.

„Мислам дека е во вегетативна состојба, што значи дека сте будни, но не можете да реагирате. Може да дише, срцето му чука, најверојатно може да се потпре и со помош да направи мали чекори, но не повеќе. Мислам дека тоа е неговиот максимум“ – додаде швајцарскиот нерволог.

Се вчитува...