„Сега барем нема да треба да го чувам Дончиќ“

Искусниот бек Реџи Булок е нов соиграч на Лука Дончиќ откако во летниот трансфер рок премина во тексашкиот тим од редовите на Њујорк Никс.

Поранешниот кошаркар на Клиперс, Феникс, Детроит и Лејкерс во претставувањето за тимот имаше интересна изјава, а не го криеше задоволството од можноста да настапува рамо до рамо со словенечкото „чудо од дете“.

„Се што Дончиќ прави на паркетот укажува на тоа дека е голем играч – шутот, карактеристичните потези, начинот на кој ги разигрува соиграчите. Многу ми е мило што можам да кажам дека тој ми е соиграч. Сега барем нема да треба да го чувам Лука“, изјави Булок.

Се вчитува...