На последниот ден од преодниот рок во Англија, се реализира трансферот на летото, Енцо Фернандес, е нов играч на Манчестер сити.
Веста ја потврди познатиот новинар Фабрицио Романо, со неговото „Here we go“.
Вкупната вредност на трансферот на Фернандес ќе изнесува околу 140 милиони евра, со што Аргентинецот стана најскапо продаден играч во историјата на Челси.
Интересно е што Фернандес стана и првиот фудбалер во историјата кој двапати бил продаден за сума поголема од 100 милиони евра. Во 2023 година, Аргентинецот од Бенфика се пресели во Челси за сума од 121 милион евра.
Според англиските медиуми, Фернандес ќе потпише петгодишен договор со Манчестер сити, со можност за продолжување на уште една година.
Клучна улога во трансферот на Енцо на „Етихад“ одигра менаџерот на Граѓаните, Енцо Мареска, кој инсистираше на негов ангажман по продажбата на неколку играчи од средниот ред.
Фернандес во дресот на Челси одигра 124 натпревари на кои постигна 16 гола и имаше 21 асистенција и се наметна како еден од најдобрите играчи во средниот ред на светот. Тој со Челси триумфира во Лигата на конференции (2025 година), а играше и во финалето на англискиот Лига куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
