Сега е јасно зошто Ериксен го избрал Интер

Кристијан Ериксен од денеска и официјално е нов член на Интер, откако плејмејкерот на Тотенхем го комплетираше трансферот на „Џузепе Меаца“. Тој потпиша договор до јуни 2024 година, а финансиските услови кои му ги понудил Интер биле супериорни во однос на останатите понуди, дури и од оние на Реал Мадрид и на ПСЖ.

Имено, Ериксен ќе заработува плата од десет милиони евра по сезона, плус бонуси за секој освоен трофеј со тимот на Интер. Тој е убедливо најплатен фудбалер на „нероаѕурите“, а воедно и втор најплатен фудбалер во италијанскиот шампионат, зад недостижниот Кристијано Роналдо.

Данскиот репрезентативец воедно добил и богат бонус при самиот потпис на договорот, јасно е дека „нероаѕурите“ во него гледаат лидер на тимот со шампионски амбиции, но тоа само по себе носи и притисок, Ериксен да се покаже какo вистинска инвестиција, а не промашување.

Се вчитува...