СЕГА Е НАШЕ ВРЕМЕ – Ѓорѓи Христов: Тоа што се на чекор од ЕП е потврда дека овие момци се најдобри во историјата (ВИДЕО)

Поранешениот македонски репрезентативец, едно од налегендарните фудбалски имиња на Македонија, Ѓорѓи Христов искажувајќи отворена поддршка за националниот тим пред историскиот натпревар со Грузија отворено нагласува дека оваа генерација е најдобрата која македонскиот репрезентативен фудбал ја имала во историјата.

„Во изминатите речиси три децении, ниту една наша генерација македонски фудбалери не била близу до Европско првенство и ова е потврда дека овие момци се најдобри“ – вели Христов во разговорот за ФФМ ТВ.

„Европското првенство е остварување на сонот! Даваме поддршка за македонската репрезентација да оствариме победа против Грузија на 12. ноември на Динамо арена во Тбилиси“ – дополнува Христов.

Се вчитува...