Сега е официјално: Ѓоковиќ се враќа на тениските турнири во Европа

Новак Ѓоковиќ дефинитивно ќе се врати на тениските терени во Европа на претстојниот Мастерс-турнир во Монте Карло, утрово беше официјално потврдено од организаторите на овој силен турнир.

Србинот е во центарот на вниманието уште од депортацијата од Австралија, тој годинава настапи само на турнирот во Дубаи, но сега конечно би требало да фати континуитет од настапи на посилните турнири, како увертира за Ролан Гарос. Француските власти пред извесно време ги сменија здравствените протоколи овозможувајќи му на Новак како неодамна прележан од коронавирус без проблем да допатува и да се натпреварува во „малото кнежевство“.

На овој турнир ќе учествуваат сите тенисери кои се дел од Топ 10 на последната АТП-листа, покрај Ѓоковиќ во Монте Карло ќе се натпреваруваат и Медведев, Надал, Зверев, бранителот на трофејот Циципас, потоа Беретини, Рубљев, Руд, Алијасим и Нори.

Новак Ѓоковиќ е рекордер по бројот на трофеи на мастерс-турнирите со вкупно 37 вакви пехари, еден повеќе од Рафаел Надал.

Се вчитува...