Сегед не дозволи изненадување против Мешков Брест, Динамо Букурешт славеше против Порто

Сегед има се врати на победите во Лигата на Шампионите откако во 12. коло славеше на домашен терен против „фенерџијата“ Мешков Брест со 28-26. Унгарците до победата стигнаа потешко од очекувањата, но ја потврдија фаворитската улога за седмата победа во првенството.

Дека Унгарците ќе слават потешко од очекувањата беше видиво уште во првото полувреме во прво гостите од Белорусија стигнаа до предност од два гола, но завршницата на првите 30. минути им припадна на домаќините кои поведоа со 16-14. Во второто полувреме Сегед стигна и до предност од четири гола (21-17), но не успеа истата да ја задржи. Гостите возвратија со добра игра преку која стигнаа до изедначување (24-24), но немаа сили за сензација.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПСЖ ја продолжи добрата форма со триумф над Фленсбург од 33-30 во натпревар во кој рано стигна до предност и истата не ја испушти до самиот крај, забележувајќи ја шестата победа во групната фаза со што се искачи пред германскиот тим на табелата.

Изненадувањето на колото го приреди Динамо Букурешт кој славеше над Порто на нашиот Никола Митревски со 31-32. Победничкиот гол беше постигнат во последната минута и истиот беше дело на Валентин Гионеа.

Македонскиот репрезентативен голман мечот го заврши со седум одбрани од 23 обиди.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...