СЕХА ја избрка Татабања, влегува Спартак Москва

Унгарија сепак ќе има само еден претставник (Веспрем) во новата сезона од СЕХА-лигата, откако раководството на регионалното натпреварување реши да ја исфрли Татабања. Тимот на Татабања го доби последното место за новата сезона, но СЕХА денеска објави дека „поради клучни несогласувања околу условите за учество во сезоната 2019/2020, Татабања нема да учествува во СЕХА-лигата“.

Руските медиуми објавија дека веќе е донесена и одлуката за замена на унгарскиот тим, чие место ќе му припадне на Спартак Москва.

Рускиот тим ќе биде дел од групата А, во која ќе учествуваат уште и екипите на Вардар, Нексе, Мотор, Војводина и Татран Прешов.

Се вчитува...