СЕХА: Вардар до рутински триумф и против Брест Мешков (ФОТО)

Без поголеми проблеми, Вардар стигна и до третата победа во СЕХА лигата, во третиот свој натпревар од регионалното натпреварување славејќи во „Јане Сандански“ против белорускиот Брест Мешков со 31-23 (17-14).

Уште од стартот на првото полувреме „црвено-црните“ нематнаа ритам со кој јасно ја најавија желбата за лесен триумф. Сепак, гостите успеваа да одржуваат каква таква рамнотежна па на полувреме се замина со три гола предност за македонскиот состав.

Белорусите резултатска рамнотежа одржуваа се до 40. минута, при водство од 21-18 на Вардар. Но, потоа македонскиот и европски шампион комплетно доминираше постојано зголемувајќи ја предноста, за на крајот да стигне до триумф од 31-23.

Vardar - Brest Meskov 2

Најефикасен во составот на Вардар беше Вуко Борозан со 6 гола, а Иван Чупиќ запиша 5 погодоци. По четири гола постигнаа Дибиров и Кристопанс, а Стојанче Стоилов мечот го заврши со три гола. Штербик имаше осум одбрани на голот, а Милиќ три одбрани.

Во тимот на Брест Мешков, Стојковиќ и Шилович постигнаа по пет погодоци.

Се вчитува...