Сејдини кандидиран од ОФС Кичево за нов мандат на чело на ФФМ

Актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини повторно ќе биде во трка за нов мандат на чело на „Куќата на фудбалот“ откако денеска и официјално е предложен и поддржан од ОФС Кичево како кандидат на престојното Изборно собрание на ФФМ.

На денешното Собрание на ОФС Кичево, 30 делегати едногласно усвоија кандидатурата на Муамед Сејдини за нов мандат на претседателската функција.

Во тек е одржувањето на годишните собранија и во останатите општински сојузи членки на ФФМ, по што се очекува Управниот одбор на фудбалската федерација и официјално да го утврди датумот на одржувањето на состанокот на највисокиот раководен орган на ФФМ.

Се вчитува...