Сејдини со порака до репрезентативците: Покажете колку сме силни заедно!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини искажа отворена поддршка за македонските репрезентативци пред историскиот натпревар со Грузија во финалето од Лигата на нации, посакувајќи да донесат триумф кој ќе ја израдува Македонија.

„Од срце им посакувам на нашите фудбалери многу среќа во финалето против Грузија. Овој тим има карактер, сила и трпение. Верувам дека ќе имаме одличен настап и победа за историја. Среќата ги следи храбрите. Покажете колку сме силни заедно“ – се вели во пораката на претседателот на ФФМ до македонските репрезентативци пред утрешното заминување за Грузија.

Се вчитува...