Секој поединец е важен – ФФМ ги претстави луѓето од сенка заслужни за историскиот успех

Зад нас е фантастична фудбалска година во која беше обезбеден историски пласман на ЕВРО 2021, а раководството на Фудбалската Федерација на Македонија преку видео ги претстави „луѓето од сенка“ кои работат далеку од очите на јавноста, но обезбедуваат беспрекорни услови за репрезентативците.

Претседателот Муамед Сејдини имаше краток разговор со секој од нив, изразувајќи благодарност за нивната работа и придонесот што го даваат со својот ангажман.

„За еден колектив да биде успешен, секој поединец мора да се почувствува вреден и ценет. Секој со своите знаења и способности допринесува за постигнување на целите“, гласи пораката од првиот човек на ФФМ.

Се вчитува...