Бруно Фернандеш ја круниса сезоната во Премиер-лигата со неверојатно остварување, станувајќи најдобар асистент во една натпреварувачка сезона во елитното англиско фудбалско друштво.
Досегашниот рекорд беше сопственост на Кевин де Бруине и на Тиери Анри, Бруно се израмни со по 20 асистенции во пресрет на денешното последно коло, за попладнево во Брајтон да стане апсолутен рекордер во оваа категорија.
Капитенот на Јунајтед мајсторски изведе корнер, на топката натрча Доргу сместувајќи ја под мрежата, за место на Фернандеш во историјата на Премиер-лигата.
Рекордната 21. асистенција на португалскиот ас за оваа сезона можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
