Ленс минатата сезона долго беше во трка за титулата со ПСЖ, во меѓувреме стигна и до трофејот во Купот на Франција, но управата на овој клуб заслужува најголеми пофалби околу начинот на функционирање, наоѓање на ефтини фудбалери на пазарот, „билдање“ на нивната цена и потоа скапи излезни трансфери.
Најсвеж случај е оној на Сангаре, репрезентативецот на Мали минатото лето беше доведен од Рапид Виена за помалку од 10 милиони евра, а вчера го комплетираше мегатрансферот во Брентфорд вреден 50 милиони евра.
За потсетување, Ленс направи нешто слично и со Абдукодир Хусанов, узбекистанскиот дефанзивец кој дојде од оваа земја за 400.000 евра, а беше продаден на Манчестер Сити за 40 милиони.
Нил ел Ајануи беше купен за 600.000 евра, а потоа продаден на Рома за 23,5 милиони евра, за Секо Фофана беа платени високи 8,5 милиони евра во 2020 година, но три години подоцна овој фудбалер беше продаден за 25 милиони.
Уште еден пример за успешната бизнис приказна на Ленс е доаѓањето на Факундо Медина од Таљерес за 3,5 милиони евра, за истиот играч да биде продаден за 20 милиони на Олимпик Марсеј.
Секоја чест, нема што.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
