Секоја чест: Во иста сезона до два европски трофеи

Еван Гесан, напаѓачот роден во Франција кој настапува за репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска, испиша историја во европскиот фудбал како прв играч што во една сезона стигнат до два трофеи во натпреварувањата под капата на УЕФА.

Имено, овој 24-годишен фудбалер доби медали и за настапот со Астон Вила во првиот дел од сезоната во Лигата на Европа, како и за игрите за Кристал Палас во Конференциската лига, во победите на англиските клубови во овие две европски натпреварувања.

Гесан не беше само резерва, тој одигра седум натпревари за Астон Вила во Лигата на Европа постигнувајќи и два гола за тимот на Унаи Емери.

Малата минутажа што ја добиваше во Премиер-лигата беше причина тој да побара трансфер, по што замина на позајмица во Палас. Гесан одигра шест средби во Конеренциската лига постигнувајќи и еден погодок, давајќи значаен придонес за првиот европски трофеј во историјата на лондонскиот клуб.

Правилата на УЕФА велат дека победниците на ЛЕ и на КЛ добиваат по 50 шампионски медали, па Гесан доби по еден од сегашниот, но и од претходниот клуб, за место во историјата како прв фудбалер со два европски трофеи во иста сезона.

Се вчитува...