Секоја чест за потегот на Гризман, но што е со фризурата?

Атлетико Мадрид вчера го совлада Елче со 2-0,. а Антоан Гризман беше во центарот на вниманието. Не само поради двете асистенции кои ги сервираше до своите соиграчи Феликс и Мората, во победата на својата екипа.

Гризман пред почетокот на натпреварот направи потег за почит кога им аплаудираше на своите соиграчи Родриго Де Пол, Анхел Кореа и Нахуел Молина кога целиот стадион им честиташе на освоената светска титула на Мундијалот во Катар.

Меѓутоа сите се прашуваа, што тоа се случило до фризурата на Гризман? Гризман вчера се појави со розева коса и ги изненади сите. На социјалните мрежи имаше многу негативни коментари по повод овој потег на Французинот.

Се вчитува...