Селекторот Ангеловски во Будимпешта: Поддршка за Спировски, „скенирање“ за Николов и за Ристевски

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, викендов се наоѓа во Будимпешта. Отпатува да му даде поддршка на Стефан Спировски, фудбалерот на Ференцварош кој го оперираше коленото и го очекува тримесечна пауза, а го следеше и натпреварот меѓу Види и Ујпешт, за кои настапуваат Бобан Николов и Кире Ристевски.

„Ние сме едно големо семејство и дојдов во Будимпешта да му изразам поддршка на Стефан Спировски од сите репрезентативци и од стручниот штаб. Му посакуваме брзо опоравување, да се врати на терените и повторно да ни биде на располагање во националниот тим. Го следев и натпреварот меѓу Види и Ујпешт, дуелот меѓу тимовите на Бобан Николов и на Кире Ристевски“, вели за ЕКИПА, селекторот Игор Ангеловски.

Националниот тим во јуни ќе ги игра следните две квалификациски натпревари, на домашен терен против Полска и против Австрија.

Се вчитува...