Олимпија Милано ги разреши сите дилеми околу тренерската функција по разделбата од Поета, откако италијанскиот кошаркарски гигант за нов кормилра го именуваше Лука Банки.
Искусниот стратег воедно е и селектор на Италија, пред овој ангажман беше и кормилар на селекцијата на Летонија, а на клупски план во последните години ги водеше евролигашите Виртус Болоња и Анадолу Ефес. За него ова е враќање назад во Олимпија Милано, каде седеше на клупата од 2013 до 2015 година и останува запаметен како стратег што ја донел првата титула на овој клуб во ерата откако главен спонзор е Армани.
„Чест ми е што се враќам назад да го водам тимот на Олимпија Милано. Голема благодарност до челниците кои веруваат дека јас сум вистинскиот човек за предводник на екипата во овој круцијален период. Свесен сум за одговорноста што ја носи функцијата со себе, влегувам во ова ново поглавје полн со ентузијазам и решителност да докажам дека сум достоен за оваа одговорна работа“, изјави Банки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
