Селекторот на Казахстан: Свесни сме за силата на Македонија, но ќе се бориме за позитивен резултат

Со нов селектор и со амбиции за подобри резултати, Казахстан допатува во Скопје. Со убедлив триумф над Лихтенштајн кој ја подигнува атмосферата, Казахстанците вечерва на прес-конференцијата рекоа дека утре ќе играат и за рејтингот на националниот тим.

Талгат Бајсуфинов, селекторот на гостите ја цени македонската репрезентација, и кажа дека тимот ќе се бори со максимален ангажман за да успее да остане непоразена.

„Ќе се бориме со нашите можност да собереме што е можно бодови, како од утрешниот меч, така и од последното коло потоа. Не станува збор само за натпреварите, туку и за рејтингот на репрезентацијата. Свесни сме дека Македонија е силна репрезентација, и за тоа колку им значи мечот со нас, но ние ќе направиме се да дојдеме до позитивен резултат. Реализацијата не послужи против Лихтенштајн, и се надевам дека така ќе биде и утре. На првиот меч во Астана знам дека Казахстан пропушти многу шанси, меѓутоа сега реализацијата е на завидно ниво. Ќе дадеме максимум  и имаме свои математики“, изјави селекторот Бајсуфинов.

Се вчитува...