Селекторот на Лихтенштајн: Уште на почеток реков дека треба сите да се пазат од Македонија

Селекторот на Лихтенштајн Конрад Финфстик, повика 23 фудбалери за националниот тим кои ќе бидат во комбинација за натпреварите против Белгија дома и со Македонија на гостински терен.

Финстик на прес-конференцијата искажа голема почит кон Македонија, и гостувањето во Скопје го нарече едно од најтешките во квалификациите.

„Најпрво за Белгија. Кога ќе видите толку многу ѕвезди кои ќе играат против вас, тоа е искуство кое ќе треба да им го раскежете на своите внуци. Но, не ни треба стравопочит, туку радост и страст. За Македонија, од самиот почеток реков дека ќе мора да се обрне внимание на оваа селекција. Тие играа добро против Велс и против Белгија, а во минатото ја совладаа Германија. Ќе биде многу тежок натпревар. Но, ние сакаме да покажеме дека играме со срце, без разлика кој ни е противник“, рече Финфстик.

Се вчитува...