Селекторот на Литванија: Реално е повторно да ја победиме Македонија

Ракометарите на Македонија на домашен терен во директен дуел со Литванија ќе играат за пласман на Европското првенство 2026 година.

Литванците по победата на домашен терен против нашата репрезентација, влегуваат со голема самодоверба и на реваншот кој ќе се игра во Скопје.

„Ќе биде многу тешко во Македонија, а нам тоа ни совршено е јасно. Моите ракометари се одлучни во намерата да се освои барем тој еден потребен бод. Словенија веќе е архивирана и сè е насочено кон последниот предизвик.

Потребен ни е позитивен резултат во Скопје, барем еден бод. Мислам дека е реалистично повторно да ги победиме Македонците, исто како што беше реално да ги победиме дома. Сепак, едно е да се игра дома, а друго на гости. Знаеме каква поддршка има ракометот во Македонија“, изјави селекторот Савукинас.

Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за недела со почеток во 18 часот.

Се вчитува...