Селекторот на Швајцарија: Победивме еден фаворит, но се уште сме „гладни“

Европското првенство продолжува денеска со четвртфиналниот натпревар помеѓу Швајцарија и Шпанија од 18 часот. Швајцарците направија голем подвиг во осминафиналето, триумфирајќи над светскиот шампион Франција по изведување на пенали, а сега избраниците на Владимир Петковиќ ќе се обидат да направат уште една сензација.

Швајцарија во досегашните 22 натпревари против трикратниот европски шампион славела само еднаш на Светското првенство во 2010 година, но селкторот Петковиќ вели дека неговиот тим е подготвен за уште една голема победа.

„Направивме голем успех со пласманот во четвртфиналето, но сеуште сме „гладни“. Знаеме дека повторно играме против еден од фаворитите на првенството, но ни ние не се задоволуваме само со тоа што ја елиминиравме Франција. Подготвени сме за уште еден предизвик“, вели селекторот на Швајцарија.

Се вчитува...