Селекторот убеден: Горан Пандев ќе дојде до „стотка“ во квалификациите за ЕП

ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн,

Владимир Булатовиќ

Македонија славеше против Лихтенштајн со 0-2, тоа беше 99.меч во националниот тим за капитенот Горан Пандев, кој за жал заработи жолт картон, што за него значи и автоматска суспензија од следниот натпревар, в понеделник против Гибралтар во Скопје. Ќе мора да почека за „стотката“, а селекторот Игор Ангеловски е убеден дека ќе го има и во квалификациите за ЕП.

„Горан Пандев мора да одигра 100 натпревари. Жал ми е што нема да го прослави јубилејот против Гибралтар, но сигурен сум дека ќе го имаме во официјалните квалификации за ЕП кога ќе го одигра својот стоти натпревар. Сега се фокусираме на Гибралтар, тој натпревар мора да го победиме!“, посочи предводникот на националниот тим.

Се вчитува...