Селекторска смена и во Австралија – Ван Марвијк си оди, познат неговиот наследник

Падна и втората селекторска смена меѓу учесниците на Светското фудбалско првенство во Русија. Берт ван Марвијк не е повеќе селектор на фудбалската репрезентација на Австралија. По четири месеци тој е сменет од функцијата, откако Австралијците завршија последни во групата во прават фаза на СП. Ван Марвијк на клупата на Австралија ќе го замени Грахам Арнолд.

Австралија под водство на холандскиот стручњак не постигна успех на СП во Русија. Австралијците на стартот одиграа нерешено со Данска (1-1), а потоа загубија од Франција (1-2) и од Перу (0-2) и завршија на последното место во групата. Но, Ван Марвијк секако немаше да го продолжи договорот со репрезентацијата на Австралија, без разлика на резултатите на Мундијалот.

Уште пред неколку недели беше најавено дека нов селектор на Австралија ќе биде Грахам Арнолд. За 54-годишниот тренер кој претходно беше асистент во националниот тим, ова ќе биде прво селекторско искуство.

Се вчитува...