Селекцијата до 17 години против Ирска ги почнува елитните квалификации во Полска

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години со натпреварот против Република Ирска денеска од 17:30 часот ги стартува во Полска елитните квалификации за пласман на ЕП.

Избраниците на Горан Станиќ со самиот пласман во УЕФА елитните квалификации запишаа одличен успех за оваа генерација фудбалери, но и дефинитивно сега останува мотивот да се даде максимумот во желбата за пласман на ЕП.

„Подготвени сме за овој голем предизвик. Не чека тешка група и навистина противници кои со фаворитска улога влегуваат во пресметките против нас. Но, ние имаме свои мотиви и желби и сигурно до крај ќе се обидеме да дојдеме до една од двете први позиции во групата“ – вели пред почетокот на турнирот во Полска, селекторот Горан Станиќ.

Македонија, покрај со Р. Ирска, е во група уште и со селекциите на домаќинот Полска и Грузија. На ЕП во Англија место обезбедуваат првопласираните репрезентации од осумтте групи, како и најдобрите седум второпласирани селекции.

Се вчитува...