Селекцијата до 18 години на меѓународен турнир во Португалија

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 18 години во периодот од 23. до 30. март ќе учествува на силен меѓународен турнир во Португалија. Селекцијата предводена од Неџат Шабани ќе одигра три натпревари против Словачка, Португалија и Грузија.

Првиот дуел Македонија ќе го игра против Словачка на 25. март со почеток од 14 часот. На 27. март силите ќе ги одмериме против домаќинот, Португалија во 17 часот, а два дена подоцна е дуелот со Грузија во 11 часот.

Собирот на репрезентација е закажан на 21. март, а првиот тренинг е со почеток од 14 часот.

Селекторот Неџат Шабани за претстојниот меѓународен турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Васко Василев, Наум Ангелов, Стефан Тасев;

ОДБРАНА: Даниел Марковски, Борјан Попоски, Енис Буќи, Максим Милошевски, Никола Павлески, Стефан Младеновски, Марио Ричков, Суфијан Чајани;

СРЕДЕН РЕД: Мартин Ѓоргиевски, Матеј Ангелов, Арбнор Мурати, Леонид Тасов, Матео Софијановски, Џезаир Авдули, Игор Јаневски;

НАПАД: Дашмир Елези, Бесар Гуџуфи, Михаил Талевски, Ерион Шуку, Димитар Трајков

Се вчитува...