Селтик, Динамо Загреб, Црвена Звезда, Марибор, АПОЕЛ…следни можни противници на Шкендија во ЛШ

Македонскиот првак Шкендија ќе го има естонскиот тим Номе Калју за ривал во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Првиот меч тимот на Ќатип Османи ќе го одигра на гости, а реваншот во Македонија. Доколку успее да го елиминира шампионот на Естонија, тогаш Шкендија ја очекуваат многу потешки противници во следната рунда. Веќе се познати и имињата на можните ривали, УЕФА го скрати изборот во пресрет на денешниот ждреб во Нион.

Селтик, Динамо Загреб, Марибор, АПОЕЛ, Црвена Звезда…се потенцијалните ривали за Шкендија, доколку успеат да ја минат пречката во првото квалификациско коло. Шкендија е неносител и ќе добие за ривал некој од клубовите што се испишани со болдирани букви.

Се вчитува...