Селтик потпиша профи договор со 15-годишно ’чудо од дете’

Шкотскиот фудбалски првак Селтик потпиша професионален договор со 15-годишен фудбалер од младинската академија. Каракомо Дембеле е најмладиот фудбалер во историјата на клубот кој ставил потпис на професионален договор со „зелено – белите“. Тој е играч од средниот ред и се обврза на верност до 2021 година.

Младиот Карамоко Дембеле го нарекуваат ’чудо од дете’ поради големиот фудбалски талент. Тој е роден во Лондон, а со десет години пристигна во академијата на Селтик.

„Многу ми значи што професионалната кариера ќе ја започнам во клубот каде дојдов со само десет години. Би сакал да се наметнам и да се изборам за место во сениорскиот тим на Селтик“, изјави Каракомо Дембеле, кој ќе го носи дресот со број „77“.

Се вчитува...