Семејна трагедија на Џенаро Гатузо

Семејна трагедија го погоди Џенаро Гатузо откако денеска почина неговата сестра Франческа, на 37-годишна возраст. Таа беше хоспитализирана повеќе од три месеци, наоѓајќи се во одделението за интензивна нега, но ја загуби најважната битка.

Франческа Гатузо колабирала на 3 февруари, додека тренерот на Наполи го водеше тимот против Сампдорија. Тој ја дозна лошата вест веднаш по завршувањето на мечот, напуштајќи го експресно стадионот, по што неговиот помошник објасни дека Џенаро морал да си замине поради семејни причини.

Во изминатиот период лекарите не успеаја да се изборат да дојде до позначајно подобрување на нејзината состојба, по што денеска беше објавена веста за прераната смрт на 37-годишната Франческа.

Гатузо тажната вест ја дознал за време на тренингот на Наполи, крај фудбалерите меѓу кои се наоѓал и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Се вчитува...