Семејна трагедија на Веселин Вујовиќ, но не ја остава на „цедило“ Словенија

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, како селектор на Словенија, се најде во исклучително тешка состојба пред двомечот со Унгарија од баражот за Светското првенство во Данска и во Германија.

Утрово почина мајката на популарниот Вујо, кој сепак останувајќи до крај со професионалните обврски одлучил да не ја остава на „цедило“ словенечката репрезентација пред исклучително важните бараж дуели со Унгарците. Вујовиќ на раководството на Словенечката ракометна федерација и соопштил дека ќе ја води репрезентацијата и на двете пресметки со Унгарија.

Словенија утре во Копер го игра првиот меч, а реваншот е во среда (13. јуни) во Веспрем.

Се вчитува...