Семејството на Шумахер ќе добие 200 илјади евра оштета за лажно интервју на германски таблоид

Германскиот таблоид „Die Aktuelle“ кој пред година дена објави наводно „прво интервју“ со Михаел Шумахер по страшната несреќа на Германецот, денеска доби судска пресуда да му исплати на семејството Шумахер 200 илјади евра поради лажни вести.

Таболоидот објави интервју проследено со насловна фотографија од германскиот Формула 1 возач, но интервјуиран не беше Шумахер туку интервјуто беше направено од страна на вештачка интелигенција. Поради лажното интервју експресно беше сменета и уредничката Ана Хофман, а денеска таблоидот доби и голема финансиска казна.

Сега 55-годишниот Шумахер преживеа страшна несреќа на скијање во Франција пред повеќе од десет години. Лекарите долго време се бореа за неговиот живот. Најтрофејниот Ф1 возач преживеа, но во јавноста има многу малку информации за неговата моментална состојба.

Се вчитува...