„Семејството на Шумахер лаже 10 години, време е да ја дознаеме вистината“

Десет години по страшната несреќа на Михаел Шумахер на франциските Апли многу малку информации се познати во јавноста за состојбата на легендарниот Форума 1 возач. Во текот на годините кружеа разни гласини, но ретко кои од нив беа потврдени од семејството.

Затоа, Вили Вебер, човекот кој се грижеше за кариерата на Германецот упати остри критики кон неговата сопруга. Тој вели дека семејството постојано лаже за состојбата и време е конечно да ја дознаеме вистината.

„Сто пати се обидов да дојдам до контакт со Корина, но не ми одговори. Го барав и Жан Тод кој ми кажа да не одам во болница дека е прерано. Кога ги барав потоа никој не ми се јави. Не очекував таков однос и сеуште сум лут поради тоа. Тогаш беше прерано, а сега е предоцна. Семејството на Шумахер лаже 10 години, време е да ја дознаеме вистината. Можев да ја сфатам ситуацијата, па и јас секогаш работев за да го заштитам приватниот живот на Михаел, но оттогаш не добиваме ништо освен лаги“, изјави Вебер.

Се вчитува...