Семејството објави: Почина Мино Раиола

Најдобриот фудбалски агент на денешницата, Мино Раиола, почина денеска во клиниката во Милано каде лекарите неколку дена се бореа за неговиот живот, за тој на крајот да ја загуби најважната битка.

Уште пред двадена италијанските медиуми објавија дека Раиола е мртов, за нецел час подоцна да пристигне демант од негови блиски лица и од лекарите во болницата каде што тој престојуваше. За жал, денеска пристигна трагична вест објавена од страна на семејството, на официјалниот твитер-профил на Мино Раиола.

„Со огромна тага ја споделуваме веста за смртта на најголемиот фудбалски агент што некогаш постоел. Мино се бореше до самиот крај со истата сила со која се вложуваше себе си на преговарачката маса бранејќи ги интересите на своите играчи. По навика, Мино не правеше сите горди, но тоа никогаш не го сфати. Мино ги допре животите на многу луѓе со својата работа и испиша ново поглавје во историјата на модерниот фудбал“, објави семејството на Раиола.

Се вчитува...