Американците рекоа доста е од пандемијата, Новак Ѓоковиќ може да игра на УС Опен

Американскиот Сенат изгласа укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Таа беше воведене на почетокот од 2020 година, за да сега Горниот дом на САД со 68 гласа за и 23 против донесе одлука за крај на вонредната состојба.

Вонредната состојба секако требаше да биде укината во мај, па и невакцинираните странци без проблем ќе може да влегуваат во САД. Сето тоа значи дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе може да настапува на летната американска турнеја, мастерсите и УС Опен кој на програмата е од 28. август до 10. септември.

Се вчитува...