Сенегалецот Диак пред мечот со Силекс: „Имаме напорен ритам, но Шкупи мисли само на победи“

Шкупи и Силекс за една недела ги очекува и третиот дуел на фудбалската сцена во Македонија. Овој пат во меѓусебна пресметка во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига на натпреварот кој ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, со почеток од 14:30 часот.

По пласманот во четвртфиналето од Купот на Македонија, двете екипи сега повторно се фокусираат на првенствените амбиции. Шкупи во желбата за продолжување на трката со Шкендија за челната позиција, без сомнение, размислува единствено на победа.

„Немавме многу време за одмор или размислување за натпреварите што ги оставивме зад нас. Важно е дека имаме три последователни победи и сме во добра форма. Секако дека знаеме дека ќе биде тежок натпревар против Силекс, сето тоа поради натпреварите што ни доаѓаат еден по друг, но ние сме фокусирани на остварување на нашата цел и на овој натпревар, а тоа е победата и трите бода“ – вели Сенегалецот во редовите на Шкупи, Ламине Диак.

ПРВА ЛИГА – 10. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС

УТРЕ (14:30 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ

Струмица: БЕЛАСИЦА – БОРЕЦ

Битола: ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА

Се вчитува...