Сенев нов тренер на Кит Го, раскинат договорот со Грнев

Првото одиграно второлигашко коло ја донесе и првата тренерска смена, откако Кит Го спогодбено ја прекина соработката со Емил Грнев по поразот од екипата на Победа.

Раководството на клубот од Пехчево во текот на денешниот ден го раскина договорот со Грнев кој се повлече од кормилото на пехчевци, по што на клупата го врати својот поранешен тренер Трајче Сенев.

Сенев е поранешен тренер на Силекс и на Брегалница, и еден од најзаслужните за подемот на Кит Го кон Втората лига. По заминувањето на Грнев, камбекот на Сенев беше логичен избор на управата на Кит Го за враќање на позитивната атмосфера во екипата.

Се вчитува...