Сензација: Белгија со блескава последна четвртина ја совлада Србија

Белгија приреди сензација во второто коло од квалификациите за Светското првенство 2023 откако славеше над Србија со 73-69. Србите кои беа доминатни во првото полувреме, не успеаја да го задржат ритамот и во вторите 20. минути, а блескавата одбрана на домаќинот донесе огромна победа.

Србија успеа да го наметне своето темпо уште од самото отварање на натпреварот. Првата четвртина ја доби со 13-21, а предноста се искачи на +12 (29-41) на полувремето. Сепак домаќините не се предадоа, напротив во третата четвртина брзо ја сведоа предноста на едноцифрена (54-63), а со одлична игра во одбраната во последната четвртина во која ги лимитираа Србите на шест поени стигнаа и до сензационална победа.

Со 20 поени и 4 скока преводник на Белгија беше Ван Росом, додека со 14 поени, 11 скока и 5 асистенции него го следеше Бако. Кај Србија 19 поени, 4 скока и 3 асистенции забележа Аврамовиќ, 16 поени додаде Петрушев, додека со 14 поени и 8 асистенции мечот го заврши Теодосиќ.

Се вчитува...